„Че Трчаме 2026“ е рекреативно-натпреварувачки атлетски настан кој по четврти пат ќе ги обедини професионалните атлетичари, рекреативците, клубовите и љубителите на трчањето од Македонија и регионот.
Трката има за цел промоција на спортот, здравите животни навики, рекреацијата и спортскиот дух, како и промоција на градот Прилеп како спортска и туристичка дестинација.
Учесниците ќе имаат можност да настапат на трки од 5 и 10 километри во машка и женска конкуренција, како и детска трка за најмладите учесници. Стартот и целта ќе бидат во централното градско подрачје.
Трка на 10 км (мажи и жени)
Трка на 5 км (мажи и жени)
| Период | Без маичка | Со маичка |
|---|---|---|
| до 11.08 | 600 ден | 900 ден |
| 12.08 – 20.09 | 700 ден | 1.000 ден |
| 21.09 – 04.10 | 800 ден | 1.100 ден |
| 05.10 – 12.10 | 800 ден | — |
Рок за пријавување: 12.10.2026 во 23:59, или до пополнување на предвидениот број учесници.
Пријавувањето и наплатата се водат од организаторот на prileprun.mk. „Мој Прилеп“ ги пренесува информациите и води кон официјалната страница.