Стаклената амбалажа повеќе не смее да се одлага со останатиот отпад. Еве каде и зошто да ја селектираш.
Пакомак и ЈКП „Комуналец“ поставија контејнери за селектирање стаклена амбалажа низ целиот град. Сега во Прилеп има 49 локации — скоро на секоја фреквентна улица може да се одложи овој неразградлив отпад.
Стаклената амбалажа не смее повеќе да завршува на депонија или исфрлена во природа, каде што се распаѓа и по милион години. Наместо отпад, стаклото може да стане следен корисен производ.
Кликни на сина точка за да ја видиш локацијата и најди го најблискиот контејнер до тебе.