„ Свињи”
- вторник, 17 ноември 2026
- 20:00 часот
- Голема сцена при НУЦК-„ Марко Цепенков”- Прилеп
Во центарот на приказната се две сестри, но нивниот однос е само појдовна точка за истражување на механизмите преку кои луѓето се обликуваат, оттурнуваат и стануваат производ на средината во која живеат. Ликовите, затворени во сопствените светови, стануваат одраз на нашата потреба да ги контролираме другите, да ги проектираме сопствените неуспеси врз нив и да создаваме реалности во кои насилството станува нормализирано, наместо препознаено како зло. Претставата не се обидува да осуди, туку да разбере. Таа истражува како осаменоста, траумите од детството, недостатокот на љубов и емпатија, како и наследените модели на однесување, го обликуваат човекот. Во својата суштина, зборува за тоа како насилството раѓа ново насилство и како општеството честопати прво ги оттурнува, ги напушта и ги заборава најранливите, а дури потоа ги осудува за луѓето во кои се претвориле. Што значи да се биде човек во еден систем што се однесува како фарма? Режијата е на Тамара Стојаноска; Во претставата играат актерките Илина Чоревска и Викторија Степановска Јанкуловска, преводот е на Тамара Стојаноска и Никола Стојаноски, дизајнот на звук и изборот на музика се на Лука Тошев, дизајнер на постер и рекламен материјал е Бојана Цилевска, изработката на маски е на Горан Спасевски, фотографиите на Јордан Звездоски, а продуцент на претставата е Бобан Алексоски. Претставата е камерна. Билети може да се резервираат на 076-442-378. Истите може да се подигнат во следните термини: Вторник од 10:00-12:00 и 19:00-20:00. Ве очекуваме.