Промоција на ,,Клопчиња од снег" - втората книга за мачорот Тане
- сабота, 5 декември 2026
- 17:00 часот
- Градска библиотека ,,Борка Талески" - Прилеп
Драги пријатели, Чест ни е да ве поканиме на промоција на новата книга за деца, вториот дел од трилогијата за Мачорот Тане - Клопчиња од снег од Лина Димоска со илустрации на Калиопи Трпчева. Промотор на книгата е Филип Димкоски. Библиотека „Борка Талески“ – Прилеп 5 12 2026 година (сабота) 17:00 часот Ако го запознавте Тане во првата книга, знаете дека со него никогаш не е здодевно. А ако допрва се запознавате – подгответе се за вистински мачешки лудории! Во првата книга се спријатели со страшниот Астор, стана херој во дворот на дедо Цане и откри дека и најобичниот мачор може да биде нечиј суперхерој. Но, тука не завршуваат Таневите приказни! Во вториот дел каде се тркалаат „Клопчиња од снег“ пристигнува разгледница од далечната Русија, се подготвуваат празнични изненадувања, мачките прават вистински хаос со новогодишната елка, а Тане открива дека најубавите подароци не се секогаш оние што ги добиваме, туку оние што ги подаруваме. Нови доживувања, многу хумор и една снежна приказна што ќе ги стопли срцата на малите читатели. Приказна полна со топлина, пријателство и мали животни мудрости раскажани низ големи мачешки авантури! „Во новите единаесет раскази авторката Лина Димоска, на непосреден начин со едноставни зборови и реченици низ кои провејува современиот начин на пишување и комуникација со децата, ќе ве одведе во нови авантури, но овојпат сите тие се поврзани со зимата, зимскиот распуст, магијата на празниците, на Нова Година, Коледе, Василица.... Иако како што напишав, стилот е современ, настаните се поврзани со денешниот начин на живеење сепак, ова е книга што не отстапува од вистинските вредности кои родителите треба и мора да ги негуваат а истите треба да им ги пренесат на нивните деца. Иако станува збор за млада авторка која го живее современието, таа ненападно благата дидактичка нитка во раскажувањето ја насочува кон вредностите кои не можат да се карактеризираат ниту како современи, ниту како конзервативни или застарени туку како вистиски. Она што