Прилеп добива нови монументални скулптури
- вторник, 3 ноември 2026
- 18:00 часот
- Ликовна галерија - Марко Цепенков
Прилеп добива нови монументални скулптури кои ќе ги разубават јавните простори низ градот! Ве покануваме на изложба на фотографии преку која ќе биде претставена 18-тата ликовна колонија „Марко Цепенков - Дрен 2026“. Преку изложените фотографии ќе имате ретка можност одблизу да се запознаете со креативниот процес на уметниците и со вредните дела од метал кои ги создадоа оваа година. 🗓 Кога: Вторник, 3-ти ноември 2026 г. во 18:00 часот 📍 Каде: Ликовна галерија при ЦК „Марко Цепенков“ Колонијата опстојува веќе 18 години со една јасна мисија – уметноста да излезе од галерискиот простор и да стане дел од нашето секојдневие. Како потврда за нејзиното значење и долгогодишниот придонес кон културниот живот, Ликовната колонија „Марко Цепенков“ е овогодишен добитник на престижната награда „3-ти Ноември“ на Општина Прилеп. Настанот е поддржан од Министерството за култура и туризам во рамки на годишната програма на ЦК „Марко Цепенков“, а од оваа година колонијата за првпат добива поддршка и директно од Општина Прилеп. Ве очекуваме! Дојдете да ја поддржиме уметноста која гради идентитет и остава траен белег во колективното сеќавање на нашиот град. ✨