МАШКОТО ЗДРАВЈЕ БЕЗ ТАБУА - ПРЕВЕНЦИЈАТА Е НАЈВАЖНИОТ ЧЕКОР!
- четврток, 12 ноември 2026
- 17:00 часот
- Собраниска сала, Општина Прилеп
Грижата за здравјето не треба да биде тема за која се молчи. Редовните прегледи, навременото препознавање на симптомите и отворениот разговор со лекарите можат да направат голема разлика во превенцијата и лекувањето на заболувањата кај мажите. Токму затоа, Општина Прилеп организира едукативна трибина посветена на машкото здравје, со цел да се подигне свеста за значењето на превенцијата, раното откривање и современите можности за лекување. На трибината ќе се разговара за малигните заболувања на простатата, тестисите и пенисот, бенигната хиперплазија на простатата, како и за еректилната дисфункција. Ќе бидат споделени стручни информации, корисни совети и одговори на прашања кои често остануваат неискажани. Говорници: -Проф. д-р Сашо Дохчев - Клиника за урологија -Д-р Трајче Јанкулоски - ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп -Д-р Гоце Нинески - ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп 12 ноември 2026 година - 17:00 часот Собраниска сала, Општина Прилеп Ги покануваме сите граѓани да присуствуваат, да се информираат и да ги искористат знаењата и искуството на стручните лица. За здравјето треба да се зборува отворено. Превенцијата започнува со информираноста, а грижата за себе е одговорност што не треба да се одложува.