🏃Спорт
ГФК Победа ја пречекува екипата на ФК Питу Гули во натпревар со хуманитарен карактер
- сабота, 14 ноември 2026
- 13:30 часот
- Градски Стадион Гоце Делчев
Во рамките на 10-тото коло од Третата лига – Регион 4, екипата на ГФК Победа на домашен терен ќе ги одмери силите против ФК Питу Гули од Крушево. Овој регуларен првенствен натпревар ќе има и хуманитарен карактер. Дуелот е закажан за в сабота, на 14 ноември 2026 година, со почеток во 13:30 часот на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Влезот за сите посетители ќе биде бесплатен. На влезовите од стадионот ќе бидат поставени соодветни кутии за донации, а сите собрани парични средства ќе бидат подеднакво наменети за поддршка на семејствата на Никодим и Михо.