Есенска сликовница
- недела, 1 ноември 2026
- 09:00 часот
- Паркинг пред манастир Св.Димитриј - с.Селце
Со задоволство би сакале да ве известиме, а воедно и да ве поканиме на нашиот прв проект од оваа ротаријанска година насловен како „Есенска сликовница“ . Имено, Ротаракт клубот "Прилеп" на 1 ноември 2026 година ќе организира еко акција, иницијатива посветена на заштитата на животната средина, развивањето на еколошката свест и поттикнувањето на личната одговорност кон заедницата. Настанот ќе опфати кратка планинарска прошетка до одреден локалитет (стартно место с.Селце - манастир Св.Димитриј), при што учесниците ќе собираат отпад во должина на целата патека. Преку оваа активност, сакаме да испратиме порака дека грижата за природата не треба да биде само повремена иницијатива, туку дел од нашето секојдневие. „Есенска сликовница“ е првиот дел од поширока иницијатива која продолжува на 15 ноември 2026 година со настанот „100 дрва, 100 приказни“, посветен на садење дрвја и создавање нови приказни преку грижата за природата и заедницата. Со овие две активности, Ротаракт клубот сака да потсети дека промените во општеството не започнуваат со зборови, туку со дела.