Два културни настани во Градската библиотека „Борка Талески“ на 1 декември
- вторник, 1 декември 2026
- 12:30 часот
- Градска библиотека „Борка Талески“
Во вторник, 1 декември 2026 година, во просториите на Градската библиотека „Борка Талески“ – Прилеп ќе се одржат два настани во организација на ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп. Програма: 12:30 часот – Јавна презентација на проектот „Византиски монашки центри во РС Македонија: традиција и континуитет“ Презентација на резултатите од научноистражувачкиот проект посветен на византиските монашки центри во Македонија, реализиран со поддршка на Министерството за образование и наука. 14:00 часот – Промоција на монографијата „Манастир Зрзе. Сликарството од 14 до 19 век“ од Александар Василески Делото го опфаќа ѕидното сликарство и иконописните дела во манастирот Зрзе создавани во период од пет века. Промотори на монографијата ќе бидат проф. д-р Анета Серафимова (Филозофски факултет – УКИМ) и проф. д-р Сашо Цветковски, дописен член на МАНУ. Влезот е слободен за сите заинтересирани граѓани и љубители на културното наследство.