🎭Театар
„ Црнила”
- понеделник, 2 ноември 2026
- 20:00 часот
- Сцена „ 105” при НУЦК-„ Марко Цепенков ”- Прилеп
Ќе се одржи театарската претстава „ Црнила” од Коле Чашуле, во режија на Дејан Пројковски. Претставата освои пет награди на МТФ-„ Војдан Чернодрински” и актерот Александар Степанулески ја освои првата награда( лауреат)на фестивалот за камерни претстави „ Ристо Шишков”- Струмица, која награда ќе му биде врачена веднаш после изведбата на претставата. Во претставата се обработува атентатот и убиството на Ѓорче Петров и демолизираната состојба на тогашната ВМРО, под влијание на ванчо- михајловистите. Билети може да се набават од билетарницата во НУЦК-„ Марко Цепенков ”- Прилеп, од 10:00-12:00 и 18:00-20:00. Истотака карти може да се резервираат на 076-442-378.